0_Спорт.ПорталФудбал

ПСЖ реши кој ќе го замени Нејмар, доколку си замине

Францускиот клуб ќе се обиде да ја привлече sвездата на Јувентус, Пауло Дибала. Аргентинецот има добра сезона со „бјанконерите“, а според „Ле10Спорт“, тој е избран да го замени Нејмар.

Париз, 5 март 2020 (МИА) – Пари Сен Жермен веќе има идеја кој би бил совршената замена на Нејмар доколку се разделат со Нејмар.

Францускиот клуб ќе се обиде да ја привлече sвездата на Јувентус, Пауло Дибала. Аргентинецот има добра сезона со „бјанконерите“, а според „Ле10Спорт“, тој е избран да го замени Нејмар.

Н`голо Канте и Калиду Кулибали се, исто така, на списокот за летниот трансфер пазар, но Дибала е најновиот додаток.

Директорот на ПСЖ, Леонардо разгледува какви се изгледите пред тимот, ако замине Нејмар. Како што стана јасно, ПСЖ претпочита да го загуби Бразилецот наместо Килијан Мбапе.

Дибала честопати се поврзуваше со трансфер во неколку трансфер прозорци, а се тврди дека е заинтересиран да игра за францускиот шампион.
Евентуалниот договор би вредел околу 85 милиони евра.

Таг
Back to top button
Close
Close