0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

ПСЖ нема да го пушти Мбапе на Олимпијадата во Токио

Шампионот од Лига 1 упати официјално писмо до националната фудбалска федерација во кое пишува дека нема да дозволи напаѓачот да оди на Олимпискиот фудбалски турнир во јапонската престолнина од 23 јули до 8 август.

Токио, 4 март 2020 (МИА) – Пари Сен Жермен не му дозволи на Килијан Мбапе да игра за Игрите во Токио за репрезентацијата на Франција.

Шампионот од Лига 1 упати официјално писмо до националната фудбалска федерација во кое пишува дека нема да дозволи напаѓачот да оди на Олимпискиот фудбалски турнир во јапонската престолнина од 23 јули до 8 август.

Мбапе е вклучен во проширениот список од 80 играчи за да се утврди конечната постава од 22 (18 основни и 4 резерви) за Токио 2020 година.

Таг
Back to top button
Close
Close