0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

ПСЖ и официјално е прогласен за шампион во Лига 1 за сезоната 2019-20

Парижаните водеа со 12 бода пред Олимпик Марсеј пред да го прекинат шампионатот во средината на март поради пандемија од коронавирус во која животот го загубија повеќе од 24.000 луѓе во Франција.

Париз, 30 април 2020 (МИА) – Француската фудбалска сезона е официјално прекината и Пари Сен Жермен е крунисан за шампион на Лига 1 за сезоната 2019-20.

Парижаните водеа со 12 бода пред Олимпик Марсеј пред да го прекинат шампионатот во средината на март поради пандемија од коронавирус во која животот го загубија повеќе од 24.000 луѓе во Франција.

Веста дојде откако премиерот Едуард Филип во изјавата во вторникот рече дека сите спортски настани во земјата се забранети до почетокот на септември.

Пулените на Томас Тухел го освоија својот седми шампионат за осум години. Во Лигата на шампионите следната сезона се квалификуваа ПСЖ, Марсеј и третиот Рен.

Во Лига Европа одат екипите на Лил, Ница и Ремс, додека Амиен и Тулуз се селат во втората дивизија.

Лориен и Ленс освоија промоција во елитата на францускиот фудбал.

Таг
Back to top button
Close
Close