0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

ПСЖ го слави 50. роденден, вечер тимот игра четвртфинале во ЛШ

Фудбалскиот клуб Пари Сен-Жермен денес одбележува 50 години од формирањето. На јубилејниот роденден, ПСЖ вечер се среќава со Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Париз, 12 август 2020 (МИА) – Фудбалскиот клуб Пари Сен-Жермен денес одбележува 50 години од формирањето. На јубилејниот роденден, ПСЖ вечер се среќава со Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Низ својата историја, клубот го освои францускиот шампион девет пати, Купот на земјата 13 пати и Лига купот девет пати. Парижаните имаат и девет француски Супер купа.

Во 1996 година, Пари Сен-Жермен стана победник на Купот на куп победниците.

Амбициите на францускиот првак оваа сезона се да ја освојат Лигата на шампионите.

Прва пречка кон таа цел е тимот од Бергамо. Вечерашниот натпревар со Аталанта ќе се игра во Лисабон со почеток во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close