0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

ПСЖ е убеден дека ќе го ангажира Меси и на Аргентинецот го темели својот состав за идната сезона

Пари Сен-Жермен не се откажа од намерата да потпише договор со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси.

Париз, 6 мај 2021 (МИА) – Пари Сен-Жермен не се откажа од намерата да потпише договор со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси.

Парижаните го планираат својот состав за следната сезона, со 33-годишниот Аргентинец во него, објавија француските медиуми.

Исто така, ПСЖ е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Емерсон Апаресидо, кој сега игра на позајмица во Бетис. Францускиот клуб сака да го засили и средниот ред.

„Светците“ веруваат дека огромните трошоци што клубот ќе мора да ги направи ако Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар играат во ист тим, ќе се исплатат, бидејќи приходите од рекламирање и продажба на стоки ќе се зголемат неколку пати.

Меси оваа сезона одигра 32 натпревари во Ла Лига, постигна 28 гола и направи девет асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close