ЕвропаЕвропа.Портал

ПССЕ одби да одржи итна дебата за демократијата во Русија

Повеќето пратеници, односно 134 од нив гласаа против предлогот што го изнесе британскиот пратеник Иан Лидл Грејнџер во име на Европската конзервативна група.

Стразбур, 27 јануари 2020 година (МИА) – Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска одби да одржи итна дебата за состојбата на демократијата во Русија.

Повеќето пратеници, односно 134 од нив гласаа против предлогот што го изнесе британскиот пратеник Иан Лидл Грејнџер во име на Европската конзервативна група.

Предлогот го поддржаа 54 пратеници, а 21 беа воздржани. ки/зш/

Back to top button
Close
Close