БизнисБизнис.ПорталЕкономија

ПСМ Фондација организира бизнис-предизвик за лица од 18 до 30 години со грантови за започнување бизнис

ПСМ Фондација организира бизнис-предизвик во рамки на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“ наменет за лица од 18 до 30 години од Источна Македонија.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – ПСМ Фондација организира бизнис-предизвик во рамки на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“ наменет за лица од 18 до 30 години од Источна Македонија.

Целта на предизвикот е да се овозможи поддршка на млади лица кои имаат идеја за започнување сопствен бизнист, а трите најдобри бизнис-планови ќе добијат грантови по 2.000 долари за да креираат сопствен бизнис.

– Главната цел на проектот е да придонесе кон развојот на младинското претприемништво преку охрабрување и стимулирање на млади луѓе од источните краеви на земјата да креираат иновативни бизнис-идеи, што на подолг рок би резултирало со зацврстување на капацитетите на младите луѓе, претприемачите како и целокупниот претприемачки потенцијал на земјата, соопшти Фондацијата.

Бизнис-предизвикот се состои од три фази: вебинар – вовед во креирање бизнис и изработка на бизнис-план, менторство – секој учесник индивидуално ќе добие онлајн менторство од експерти за развој на бизнис, бизнис-план натпревар – секој учесник ќе аплицира со разработен бизнис-план.

Сите заинтересирани лица можат да се пријават на следниот линк , со краток опис за сопствена бизнис-идеја. Пријавувањето е најдоцна до 15 септември 2020 година. ки/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close