ЕвропаЕвропа.Портал

Првпат за повеќе од една недела дневниот број на починати од Ковид-19 во Италија е под 700 луѓе

Италијанските власти соопштија за нови 681 починати од коронавирусот во земјата во последните 24 часа.

Рим, 4 април 2020 (МИА) – Италијанските власти соопштија за нови 681 починати од коронавирусот во земјата во последните 24 часа.

За првпат во повеќе од една недела дневниот број на жртви е под 700.

Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата досега изнесува 15.362.

Вкупниот број на заразени, вклучувајќи ги и починатите и оздравените, изнесува 124.632. Од вчера има 2.886 нови случаи на зараза.

Во Италија досега се излекувани 20.996 луѓе.

За првпат од почетокот на епидемијата, во земјата има и пад во бројот на луѓето што се на интензивна нега. Денеска тој број изнесува 3.994 наспроти 4.068 вчера.

– Тоа е важна вест, затоа што им дозволува на нашите болници да земат здив. За првпат бројката паѓа од почетокот на итната состојба, изјави шефот на италијанската Цивилна заштита Анџело Борели. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close