Дописници МКДОпштински вести

Првпат по 32 години интервенција во галеријата на каптажата на водоводот Росоки – Дебар

Првпат по изградбата на водоводот Росоки-Дебар пред 32 години, денеска е извршена интервенција во галеријата на каптажата во Росоки, изјави за МИА, Мазлум Леши, директор на дебарското јавно комунално претпрјатие „Стандард“.

Дебар, 8 јули 2020 (МИА) – Првпат по изградбата на водоводот Росоки-Дебар пред 32 години, денеска е извршена интервенција во галеријата на каптажата во Росоки, изјави за МИА, Мазлум Леши, директор на дебарското јавно комунално претпрјатие „Стандард“.

-Оваа значајна интервенција ја изврши екпа на специјализираната компанија „ЦМЦ“. Сменети се главните вентили во каптажата, како и на две места од цевководот, кај Косоврасти и на Мелнички Мост, преку кој минува цевководот, посочи Леши.

Тој нагласи дека со овој зафат очекуваат зголемување на количината на вода која пристигнува до главниот градски резервоар за околу 30 литри во секунда, но тоа, како што додаде, ќе се знае за десеттина дена.

-Нашиот водовод е единствен во државава со 40 барели притисок. Имаме најквалитетна вода не само кај нас, туку и пошироко. Моментно во градскиот резервоар пристигнуваат по 116 литри вода во секунда, но поради злоупотрбата од страна на дел на граѓани моравме да воведеме рестрикција од седум и пол часови дневно, поточно од 13:00 до 16:30 и од 2:00 до 6:00 часот, рече директорот Леши.

Водоводот Росоки – Дебар, е изграден во 1988 година со зафаќање на вода кај селото Росоки, областа Мала Река, во должина од 23 клометри, а од него со вода за пиење се снабдува Дебар, Центар Жупа преку кракот кој се одделува кај Мелнички Мост, како и селата Косоврасти и Рајчица низ кои минува. Поради зафатот денеска имаше прекин во водоснабдувањето повеќе од десет часа. вт/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close