СветСвет.Портал

Првпат избрана жена за претседател на азербејџанскиот Парламент

Првпат во историјата, Парламентот во Азербејџан ќе биде предводен од жена, откако на денешната седница пратениците ја избраа Сахиба Гафарова за претседател на законодавниот дом.

Баку, 10 март 2020 (МИА) – Првпат во историјата, Парламентот во Азербејџан ќе биде предводен од жена, откако на денешната седница пратениците ја избраа Сахиба Гафарова за претседател на законодавниот дом.

Нејзината кандидатура е предложена од владејачката партија „Нов Азербејџан“, чии пратеници на вонредните избори на 9 февруари освоија 70 од вкупно 125 места во Парламентот.

За изборот на Гафарова гласале 116 пратеници.

Минатата недела Уставниот суд на Азербејџан ги потврди резултатите од вонредните избори и ингеренциите на 121 пратеник во 125-члениот Парламент. Резултатите од изборите во четири изборни единици беа прогласени за неважечки поради многубројните прекршувања. Се очекува претседателот на државата да определи датум за прегласување. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close