БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Првото бебе родено во 2020 година во Албанија женско

Се вика Емел. И бебето и мајката се во добра здравствена состојба.

 

Тирана, 1 јануари 2020 (МИА) – Првороденото бебе во Албанија во Новата 2020 година е женско.

Родено е во првата минута од новата година во Клиниката за гиникологија „Кралица Гералдина“. Се вика Емел. И бебето и мајката се во добра здравствена состојба.

Минута по Емел,во истата клиника на свет е донесено машко бебе,додека во клиниката „Кочо Гложени“ исто така во Тирана во првиот час од новата година родени се четири бебиња.

Премиерот Еди Рама на првите десет новороденчиња им додели „бебешки бонус“ во износ од по 40 илјади леки за прво роденче, 80 илјади за второ родено и за трето родено дете во семејство 120 илјади леки. Бебешкиот бонус владата го востанови од први јануари 2019 година.

Во текот на минатата година ваков парчен надоместок оставриле 371.871 бебе, дел од нив родени во странство,каде што работат и живеат нивните родители.

Инаку, првороденото бебе во Албанија лани беше машко.вт/

Back to top button
Close
Close