Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Први смртни случаи од коронавирус во Германија

Во Германија денеска се потврдени првите два смртни случаја од коронавирусот, објавија германските медиуми.

Берлин, 9 март 2020 (МИА) – Во Германија денеска се потврдени првите два смртни случаја од коронавирусот, објавија германските медиуми.

Министерството за здравство во Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека станува збор за едно лице во Хајнсберг и едно во градот Есен.

Претходно, 60-годишен пожарникар од Хамбург почина вчера за време на одмор во Египет.

Според Институтот „Роберт Кох“, моментно во Германија од коронавирус се заразени 1.112 лица. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close