СветСвет.Портал

Први случаи на Ковид-19 во Таџикистан

аџикистан, една од земјите кои досега не пријави ниту еден случај на новиот коронавирус, ги регистрира првите случаи на инфекција, јави порталот „Ејжа плус“.

Душанбе, 30 април 2020 (МИА) – Таџикистан, една од земјите кои досега не пријави ниту еден случај на новиот коронавирус, ги регистрира првите случаи на инфекција, јави порталот „Ејжа плус“.

Министерството за здравство во земјата соопшти дека до денеска се пројавени 15 случаи на заразени со вирусот.

Здравствените власти претходно велеа дека низ населението циркулира пневмонија.

Освен Таџикистан, до сега уште 33 држави и територии во светот досега немаат пријавено ниту еден случај на Ковид-19. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close