СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Првата голема кинеска авио-компанија ги суспендира летовите за САД

„Чајна Истерн“ (China Eastern) е првата голема кинеска авио-компанија која заради коронавирусот ги суспендира летовите за и од САД.

Пекинг, 4 февруари 2020 (МИА)  – „Чајна Истерн“ (China Eastern) е првата голема кинеска авио-компанија која заради коронавирусот ги суспендира летовите за и од САД.

„Чајна Истерн“ до 10 февруари ги суспендира сите летови од Шангај за Лос Анџелес и за Њујорк, пренесе Си-Ен-Ен.

Суспендирани се и летовите за Сан Франциско, Чикаго и Хонолулу.

Си-Ен-Ен наведува дека на сајтот на „Чајна Истерн“ не е можно да се резервира лет за САД се до 29 март.

Големите интернационални авио-компании, како „Ер Канада“, „Американ Ерлајнс“, „ Бритиш Ервејз“, „Делта“, „Луфтханза“ и „Катар Ервејз“ веќе ги суспендираа сите летови за и од континентална Кина се до крајот на февруари и подолго.

Од епидемијата на коронавирус во Кина веќе починаа 425 лица, а над 20.000 се заразени.сд/

Back to top button
Close
Close