0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Прва победа за Вардар 1961 на турнирот „Струга 2020“

Вардар ја оправда фаворитската улога, но отпорот го скрши дури во второто полувреме, откако првите 30 минути поминаа во израмнета игра, а во неколку наврати Охрид дури и имаа предност на семафорот.

Струга, 13 август 2020 (МИА) – Екипата на Вардар 1961 вечерва го совлада тимот на Охрид со 27-22 (13-12) и ја забележа првата победа на турнирот „Струга 2020“.

Вардар ја оправда фаворитската улога, но отпорот го скрши дури во второто полувреме, откако првите 30 минути поминаа во израмнета игра, а во неколку наврати Охрид дури и имаа предност на семафорот.

Тимур Дибиров со 7, Гоце Георгиевски и Филип Талевски со по 3 беа најефикасни за вардарци. Блажески и Тасевски со по 4 беа најдобри кај охриѓани.

Претходно денеска, Металург запиша победа над Прилеп со 33:24, додека Бутел го совлада Еурофарм Пелистер со 21:17.

Таг
Back to top button
Close
Close