0_Спорт.ПорталФудбал

Прва победа за Арсенал под водство на Љунгберг

Екипата на Арсенал синоќа го совлада Вест Хем со 3:1 и ја запиша првата победа со Фреди Љунгберг на тренерската позиција.

Лондон, 10 декември 2019 (МИА) – Екипата на Арсенал синоќа го совлада Вест Хем со 3:1 и ја запиша првата победа со Фреди Љунгберг на тренерската позиција.

Воедно „топчиите“ ја прекина серијата од девет натпревари без победа.

Претходно Арсенал последен триумф забележа на 24 октомври на натпреварот во Лига Европа против Гимараеш (3: 2).

По 16 кола во Премиер лигата Арсенал се наоѓа на 9. место со 22 бода, додека Вест Хем е 16-ти со 16 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close