Дописници МКДОпштински вести

Прва крводарителска акција годинава во Тетово

Во просториите на Службата за трансфузиона медицина во Клиничкаta болница во Тетово денеска почна првата крводарителска акција годинава во градот. Акцијата ќе трае до 19 часот.

Тетово, 5 февруари 2020 (МИА) – Во просториите на Службата за трансфузиона медицина во Клиничкаta болница во Тетово денеска почна првата крводарителска акција годинава во градот. Акцијата ќе трае до 19 часот.

– Во јануари прва крводарителна акција имавме во село Брвеница, каде од 42 пријавени, 31 ја дарувааа својата крв. Наредната акција е предвидена за идната недела во касарната „Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово, изјави секретарот на општинската организација на Црвен крст Тетово, Шкелќим Мурати.

Минатата година беа собрани 1.682 единици крв во сите крводарителни акции во Тетово и Тетовско. ас/рп/

Back to top button
Close
Close