Дописници МКДОпштински вести

Прва форумска сесија од проектниот форум за социјална инклузија во Берово

Во Берово се одржа првата форумска сесија од проектниот форум за социјална инклузија. Форумот е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од швајцарската Агенција за развој и соработка, со поддршка на УНДП, а во соработка со општина Берово.

Берово, 5 март 2020 (МИА) – Во Берово се одржа првата форумска сесија од проектниот форум за социјална инклузија. Форумот е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од швајцарската Агенција за развој и соработка, со поддршка на УНДП, а во соработка со општина Берово.

На вкупно петте форумски сесии, како што истакна модераторот Васка Драшковиќ, граѓаните ќе можат да предлагаат решенија за она што најприроритетно ги засега во рамки на темата „Социјална инклузија“.

– Беровчани во наредните пет форумски сесии ќе можат да посочуваат проблеми што сметаат дека се најприроритетни во оваа област, како и да предлагаат нивни решенија, за што стојат на располагање 50 илјади швајцарски франци обезбедени од агенцијата. Очекуваме добра дискусија и секако решавање на прироритетите предложени од страна на граѓаните, рече Драшковиќ.

Дел од средствата, како што истакна градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски, ќе бидат наменети и за решавање на инфраструктурен проект според приоритетите на граѓаните.

– Како дел од овие активности, влеговме во општините кои успеаја да добијат средства за опремување на салата на општината, а како друг дел од оваа иницијатива истовремено се овозможува и реализација на инфраструктурен проект кој ќе биде финансиран со средства од Швајцарската агенција, рече Пекевски.

Процесот, според очекувањата, треба да заврши во наредните шест месеци, по што, како што дополнија организаторите, ќе бидат презентирани резултатите од сработеното во рамки на овој проект. вс/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close