Видео изјаваОпштински вестиПолитикаСкопје

Прва фаза од изградбата на вакуум пречистителната станица во Јурумлери

Премиерот Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски денеска извршија увид во градежните активности во Јурумлери, каде е завршено поставувањето на вакуум станицата во ова населено место. 

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски денеска извршија увид во градежните активности во Јурумлери, каде е завршено поставувањето на вакуум станицата во ова населено место.

Како што соопшти Општина Гази Баба, ова е прва фаза од проект и прва ваква станица во државава.

Георгиевски пред присутните посочи дека досега е изведена вакуум фекална канализациска мрежа во должина од три километри во ова населено место, а поставени се 70 шахти.

– Со изградбата на вакуум станицата решаваме еден од најголемите проблеми со кој жителите се соочуваа со години, а целта е да добијат достојни услови за живот и повеќе да не се мачат со септички јами. Работиме совесно и ефикасно и секоја улица каде работевме, веќе е тампонирана, а откако ќе бидат поставени приклучоци до сите домаќинства, улиците веднаш ќе бидат асфалтирани. Следна фаза каде ќе се работи е Дунак маалото и изградба на пречистителната станица покрај Вардар, посочи Георгиевски.

Овој проект е најголем капитален проект во Општина Гази Баба кој вкупно чини 152 милиони денари. мд/лв/

Back to top button
Close
Close