Svet.SlajderСветСвет.Портал

Прва дебата на Блумберг за претседателска номинација на Демократската партија

Откако ги прескокна првите меѓупартиски избори, милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, ќе учествува во Лас Вегас за првпат денеска навечер во дебатата за кандидат на демократите за претседател.

Лас Вегас, 20 февруари 2020 (МИА) – Откако ги прескокна првите меѓупартиски избори, милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, ќе учествува во Лас Вегас за првпат денеска навечер во дебатата за кандидат на демократите за претседател.

Тој веќе потроши милиони долари на реклами на телевизија, радио и социјални мрежи, зголемувајќи ја својата видливост и поддршка во анкетите – што му овозможи да учествува во оваа дебата.

Во обид да ја добие претседателската номинација на Демократска партија, Блумберг ги преплави американските медиуми со реклами.

– Тој веќе објави повеќе реклами отколку некои кандидати на изборите во 2016 година, рече Џон Фортиер од Центарот за двопартиска политика.

Поранешниот градоначалник на Њујорк и медиумски магнат досега потроши повеќе од 300 милиони американски долари за рекламирање. Тој планира да потроши уште 300 милиони долари до 3 март, кога ќе се одржат внатрепартиски избори во дури 14 држави на САД, што е помалку од еден процент од неговото вкупно богатство, што е околу 60 милијарди американски долари.

Според некои извештаи, Блумберг снимил 185 различни реклами на најразлични теми: од борба со вооружено насилство до – како да се јаде пица.

Според анкетите, рекламната кампања на Блумберг го доведе на третото место на списокот на кандидатите на демократите.

И додека со неговите реклами се преплавени телевизии, радија и социјални мрежи, Блумберг се воздржа да ги нападне неговите ривалски кандидати и, наместо тоа, да го нападне сегашниот претседател Доналд Трамп со атрактивни видео клипови, во кои тој често го користи она што го кажал претседателот против него.

Блумберг вети дека ќе ја продолжи својата кампања против Трамп, дури и ако не ја добие номинацијата за претседател на демократите. зш/

Back to top button
Close
Close