СветСвет.Портал

Прв случај на Ковид-19 во Монголија

Во Монголија е потврден првиот случај на новиот коронавирус кај француски државјанин кој работи во земјата, соопшти Националната комисија за вонредни ситуации.

Уланбатар, 10 март 2020 (МИА) – Во Монголија е потврден првиот случај на новиот коронавирус кај француски државјанин кој работи во земјата, соопшти Националната комисија за вонредни ситуации.

Во соопштението се вели дека се работи за 57-годишен маж, кој патувал од Монголија во Франција, со преседнување во Москва.

Монголските валти идентификувале 42 лица со кои пациентот се сретнал и уште 120 со кои имал близок контакт.

Монголија ги прекина сите локални патувања во провинцијата Дорногови каде што работи пациентот. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close