Дописници МКДОпштински вести

Прв продажен базар организиран денеска во Кичево

Поголема група амбициозни и талентирани млади жени, на кои креативноста им е на високо ниво, денес во центарот на Кичево го организираа првиот продажен базар.

Кичево, 28 јули 2021 (МИА) – Поголема група амбициозни и талентирани млади жени, на кои креативноста им е на високо ниво, денес во центарот на Кичево го организираа првиот продажен базар. На овој базар имаше петнаесетина штандови на кои беа изложени ракотворби изработени со голема инвенција на овие млади дами и, како што самите најавија, овој настан во иднина ќе биде многу помасовен и ќе постане традиционален.

-Овој базар го организираме за да се промовираат младите креативни дами од градот Кичево.Денес со свои штандови се појави помала група на жени од градот а во иднина нивниот број ќе биде поголем ,бидејќи има голем број жени кои имаат желба и талент да создаваат, креираат рачни ракотворби кои ќе бидат интересни за купувачите.На штандовите се изложени накит создаден од еколошки  материјали, плетени творби, шиени работи за сечиј вкус и многу други изработки, рече иницијаторот на овој базар Ангела Мојсоска, во чија придружба беше и младата Наталија Ѓореска, која потсети дека на овој начин ја потврдува својата креативна визија низ разни изработки кои ги понудат на своите сограѓани.

Најавија дека на есен ќе биде организиран нов продажен базар со многу помасовно учество и со секаков вид изработки на жените од градот.за/ир

Back to top button
Close
Close