Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Прв ден од „новата нормалност“ во Шпанија

По скоро 100 дена од вонредната состојба воведена во Шпанија поради пандемијата на коронавирусот, која беше укината вчера, првиот ден од „новата нормалност“ беше обележан со повторно воспоставување на авиосообраќајот со земјите од шенген зоната, како и со метеж по плажите.

Мадрид, 22 јуни 2020 (МИА)По скоро 100 дена од вонредната состојба воведена во Шпанија поради пандемијата на коронавирусот, која беше укината вчера, првиот ден од „новата нормалност“ беше обележан со повторно воспоставување на авиосообраќајот со земјите од шенген зоната, како и со метеж по плажите.

Завршувањето на вонредната состојба значи дека жителите на Шпанија може повторно да се движат низ целата земја.

Сепак, како што наведува мадридскиот „Ел Паис“, зафатеноста на капацитетот на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона вчера изнесуваше само пет проценти – бројот на туристи е мал, а најголем број патници, кои мора да ги следат превентивните мерки, биле странски државјани кои се вратиле во Шпанија на работа.

Границата меѓу Шпанија и Португалија останува затворена, додека со Франција вчера беше отворена, така што во еден пограничен град од шпанска страна се формираа редици од Французи кои чекаа да купат цигари, козметика и шпанска шунка по поевтина цена.

Поради опасноста од зараза, намален е капацитетот на плажите. Туристичките места беа посетени од голем број Шпанци кои имаат викендици.

Со задолжително почитување на физичката оддалеченост и хигиенските мерки, повторно се отворени детските игралишта во Мадрид, Барселона, Валенсија и Ла Коруња, што треба да се случи и во некои други градови следната недела, пренесува „Ел Паис“. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close