Дописници МКДОпштествоПарламентарни избори 2020

Протоколите за гласање ќе ги променат локациите на неколку штипски избирачки места

Почнат е увидот на 77-те избирачки места во Штип, со цел да се утврди колку од нив ќе ги задоволат стандардите дадени со протоколот за спроведување на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева за МИА информира дека увидот го прави ДИК, а според првичните информации дел од избирачките места не ги задоволуваат протоколите, бидејќи просториите се под 30 метри квадратни.

Штип, 23 јуни 2020 (МИА) – Почнат е увидот на 77-те избирачки места во Штип, со цел да се утврди колку од нив ќе ги задоволат стандардите дадени со протоколот за спроведување на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева за МИА информира дека увидот го прави ДИК, а според првичните информации дел од избирачките места не ги задоволуваат протоколите, бидејќи просториите се под 30 метри квадратни.

Андреева вели дека на пример избирачкото место во населбата Железничка не одговара на протоколите за гласање во услови на пандемија. Просторијата во која гласаат жителите со право на глас е под 30 квадратни метри.

-Гласачите од избирачкото место во населбата Железничка ќе гласаат во средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“, каде што има услови за гласање, согласно протоколите. Во оваа училиште значи на овие предвремени парламентарни избори ќе има две гласачки места, едното е за жителите од населбата Пребег, а второто ќе биде за населбата Железничка. Промени ќе има на уште неколку избирачки места, но тоа треба да го каже ДИК по извршениот увид, по што граѓаните на Општина Штип ќе бидат информирани за нивните избирачки места, изјави Андреева.

Таа додаде дека се уште немаат информации колку здравствени работници ќе бидат вклучени при гласањето на лицата во изолација и самоизолација и болните од Ковид-19. Гласањето кај овие лица ќе се спроведе согласно протоколите, а како што вели Андреева, ќе бидат со комплетна заштитна опрема, со цел и овие луѓе да го остварат своето право на глас.

Членовите на Општинската изборна комисија веќе ги прават подготовките за успешно реализирање на изборите, а бројот на гласачи на територија на Општина Штип ќе го добијат со доверливиот материјал. вдј/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close