Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Протестот во Тирана помина мирно, Мета бара меѓународна истрага за уривањето на театарот

Протестот организиран од Алијасата за одбрана на Националниот театар, подржан од  обединетата опозиција, но и голем број граѓани мина мирно

Тирана,18 мај 2020(МИА) – Протестот организиран од Алијасата за одбрана на Националниот театар, подржан од  обединетата опозиција, но и голем број граѓани мина мирно.

Пред, повеќе илјади граѓани, се обратија повеќе театарски работници,меѓу кои познатиот албански режисер Роберт Будина.

– Уривањето на театарот почна иако внатре во објектот имаше актери, доведувајќи ги во опасност нивните животи. Овој настан што се случува во време на епидемија мора да се расветли. Бараме домашна меѓународна истрага, истакна меѓу другото Будина.

Актерот Неритан Личај низ плач ја обвини  Владата со уривањето на националниот театар се обидела да им ја  убие надежта, но, додаде дека надежта никогаш и никој не може да ја убие.

Мал инцидент се случи кога некој фрли две петарди, но на повик на организатрот на не се наседнува на провокации, толпата се смири. Учесниците во протестот го гаѓаа со јајца и извикуваа „Срам, срам“ кон Кујтим Ѓузи, пратеник на новата албанска опозиција.

Протестот кој траеше повеќе од два и пол  часа  заврши со повик за оставка на премиерот Рама, барање од  претседателот Илир Мета за распуштање на Парламентот и масовно присуство на следните протести, како и со извици „Да живее татарот, да живее Албанија“.

Во меѓувреме шефот на државата, кој беше против уривање на овој објект, на Фејсбук напиша дека се согласува да се спроведе меѓународна истрага за уривањето на театарот.

– Јас силно поддржувам меѓународна истрага за неуставното, незаконско и антиевропско уништување на Националниот театар. Европа и демократскиот свет уште појасно сфатија што се случува тука. Не одговарајте на насилството со насилство, туку со доверба во демократијата и нејзиниот триумф над талибанизмот и олигархијата, напиша Мета.

Тој додаде дека е подготвен за соработка со Алијасата за одбрана на тетарот и со секоја друга институција од областа на културата. вт/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close