БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Протестот во Тирана организиран од Мета мина мирно

На плоштадот „Народни херои“ во Тирана, под големо полициско обезбедување, вечерва, со присуство на илјадници граѓани кои во рацете држеа албански национални знамиња и букети со мимози, протестот организиран од албанскиот претседател Илир Мета мина мирно, без ниту еден инцидент.

Тирана, 2 март 2020 (МИА) – На плоштадот „Народни херои“ во Тирана, под големо полициско обезбедување, вечерва, со присуство на илјадници граѓани кои во рацете држеа албански национални знамиња и букети со мимози, протестот организиран од албанскиот претседател Илир Мета мина мирно, без ниту еден инцидент.

Почна со интонирање на албанската национална химна и развиорување на големо знаме по пристигнувањето на Мета, кој со рацете направи знак на орел и клекна пред знамето и насобраниот народ.

-Претседателот на црвено-црните, клекнува токму пред црвено-црното знаме и пред црвено-црните луѓе, пред луѓето на орлите. Ова добро го слушаат пучистите и меѓународните мафијашки организации кои сакаат да го уништат вашиот суверенитет и Устав ,порача Мета.

Се повика на член 2 од Уставот во кој се вели дека суверенитетот му припаѓа само на народот.

– Во член 2 од Уставот за кој гласавте на референдумот на 22 ноември 1998 , се вели дека суверенитетот во Република Албанија му припаѓа само на народот. Затоа ве поканив не како Илир Мета туку како ваш претседател, како единствена легитимна институција што остана во оваа земја да го слушне вашиот глас затоа што кога паѓаат институциите народот се крева и народот не се става во џеб како парите на олигарсите,рече Мета.

Кажа тешки и сериозни обвинувања за владата а парламентот го оцени како легитимен и најави негово распуштање доколку повторно не го разгледа законот за именување на судии во Уставниот суд.

Тој пред насобраниот народ потпиша уредба со која законот го враќа во Парламентот.

-Дека после 15 март кога ќе заврши изборната реформа, што е услов, доколку тие ова не го сфатат сериозно, црвено-црните што денеска гласаа за смртта на пучот, јас Илир Мета се колнам дека уредбата за распуштање на парламентот нема да ја потпишам овде, но таму среде парламентот, среде криминал. И ќе ги повикам сите албански луѓе, јас прво и сите црвено-црни“.

Моја должност, како шеф на државата,рече тој, да бидам во борбата против државниот удар.

– Среќен сум што Народниот устав денес го има народот на Уставот на овој плоштад. Пред да го потпишам указот против неуставниот закон за именувањето на членовите на Уставниот суд, барам да ја видам вашата волја. Смрт за државниот удар, да живее Републиката, да живее владеењето на законот, рече меѓу другото во подолгиот говор Мета.

На протестот во „одбрана на демократијата и заштита на татковината“ се обратија претставници од културата, граѓанскиот сектор и спортот.

На протестот присуствуваа лидерите на опозициските партии,поранешни пратеници,актери,како и албански граѓани кои специјално за собирот пристигнале од САД, Велка Британија други европски земји.

Меѓу илјадниците учесници беше и поранешниот албански претседател, екс премиер и почесен претседател на демократската партија, Сали Бериша, според кого „ оваа манифестација е почеток на крајот на нарко – државата. За актуелниот лидер на демократите, Љузим Баша „единствена гаранција за заштита на слободите е Уставот, а тоа не може да се постигне со кршење на Уставот“.

Собир,организиран од шефот на државата,се случува за првпат а за безбедноста беа ангажирани 1.000 полициски службеници. Дел од медиумите наведуваат дека на протестот присуствувале над 100.000 граѓани. вт/

Таг
Back to top button
Close
Close