0_МИА Истражува.ПорталИзбрано

Протести во САД и кампањата на законот и редот на Трамп

Насилни протести избувнаа во неколку американски градови во знак на солидарност со градот Портланд, каде што и покрај противењето на локалните власти, федералните безбедносни сили интервенираа по наредба на претседателот Доналд Трамп, кој во центарот на неговата изборна кампања за претседателските избори во ноември, го стави одржувањето на законот и редот, ги пренесува радио Слободна Европа (РСЕ) пишувањата на светските медиуми.

29 Јули 2020

Бета, Белград

Насилни протести избувнаа во неколку американски градови во знак на солидарност со градот Портланд, каде што и покрај противењето на локалните власти, федералните безбедносни сили интервенираа по наредба на претседателот Доналд Трамп, кој во центарот на неговата изборна кампања за претседателските избори во ноември, го стави одржувањето на законот и редот, ги пренесува радио Слободна Европа (РСЕ) пишувањата на светските медиуми.

Низата нови протести поради лошото постапување на полицијата ги потресе градовите низ САД во текот на викендот, создавајќи нова дилема за локалните власти кои успеаја до некаде да ги олеснат тензиите на улиците сè додека конфликтот околу употребата на федералните агенти во Орегон предизвика нов гнев, пишува Њујорк Тајмс.

Сцените од Сиетл, Оукланд и Лос Анџелес потсетија на тензиите во првите денови од протестите поради насилната смрт на Џорџ Флојд кон крајот на мај, додека, според весникот, некои демонстранти прибегнаа кон деструктивни методи на протест, а полицијата употреби агресивни тактики за да ги смири.

Катализатор за неодамнешните протести беше распоредувањето на федералните агенти во Портланд, Орегон, објави Њујорк Тајмс и додаде дека милитаризираните напори за задушување на протестите кај федералната судница предизвикаа масовни демонстрации и секојдневни судири во градот, а поттикнаа и нови протести за солидарност во другите градови на кои луѓето изразија длабока загриженост затоа што сојузната Влада искористила проширени овластувања во градот кој јасно стави до знаење дека е против присуството на федерални агенти.

Трамп ги искористи сцените на немири, со уривање на статуи и кршење прозорци на продавниците, за да испрати порака за закон и ред во неговата кампања за реизбор, посочува Њујорк Тајмс, додавајќи дека претседателот потрошил повеќе од 26 милиони долари на телевизиски спотови кои ја прикажуваат дистопијата на беззаконието со празни полициски станици, тврдејќи дека тоа би можело да се случи ако на изборите победи неговиот ривал Џо Бајден.

Њујорк Тајмс додава дека демократите, кои се на чело на некои градови и сојузни држави, се спротивставиле на доаѓањето на федералните агенти, но исто така изразија незадоволство што некои на улиците претеруваат и одат во прилог на претседателскиот гамбит.

Протестите експлодираа низ САД, откако неколкунеделните граѓански немири и судири меѓу активистите и властите зовреа во саботата навечер со десетици уапсени, додека полицијата во некои градови употреби солзавец и бибер спреј за да ги растури демонстрациите, пишува „Вашингтон пост“.

Демонстрации се одржаа во голем број градови, како Лос Анџелес, Ричмонд, Омаха или Остин, каде за време на протестот еден човек беше убиен со пиштол, но жариште на протестите сè уште е северозападниот дел на пацифичкиот брег, каде еднонеделните судири меѓу активисти и федерални агенти во Портланд, според весникот, испумпаа нова енергија во движењето што започна по полициското убиство на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Демонстрациите добија нова енергија со насилните судири во Портланд, по, според Би-Би-Си, длабоко контроверзната одлука на Трамп да испрати федерални агенти во тој град за да ги заштити владините згради.

Федералните сили во необележани возила минатата недела насилно ги избркаа демонстрантите од улиците и, според британскиот јавен сервис, ги апсеа без оправдување, а исто така користеле солзавец и гумени куршуми против демонстрантите.

Трамп вели дека се обидува да го врати редот, но неговиот пристап предизвика општа критика, како и тужби, наведува Би-Би-Си, додавајќи дека во текот на викендот демонстрации се одржале, меѓу другите, и во Луисвил, Кентаки, Аурора, Колорадо, Ричмонд, Вирџинија и Њујорк.

Големите демонстрации ескалираа во насилство низ целата земја во текот на викендот, бидејќи десетици илјади Американци продолжија со бран граѓански немири протестирајќи против расизмот и полициската тактика, откако претседателот Трамп во фокусот на неговата кампања за реизбор ги стави редот и законот, пишува Волстрит Џурнал.

После Портланд, Трамп испрати федерални сили во други градови за да ги задуши протестите и да го потисне растот на криминалот, посочува њујоршкиот весник и истакнува дека повеќето агенти биле испратени во големи градови предводени од демократите. Тие полицајци предизвикаа тревога кај градоначалниците и гувернерите, од кои некои го критикуваа Трамп дека се обидува да ја зајакне својата изборна база додека во анкетите заостанува зад Бајден.

Омар Васоу, професор од универзитетот Принстон, кој го испитува влијанието на насилството врз кампањите за граѓански права, вели дека наративот која страна предизвикува насилство во протестите има важни последици врз изборите.

Досега демонстрантите придобија најмногу симпатии и поддршка по снимката како некои полицајци на протестите поради прекумерна употреба на сила одговараат со прекумерна употреба на сила, подвлекува Волстрит Џурнал, но истакнува дека тоа би можело да се промени и дека демонстрантите, доколку се сметаат како агресори, би можеле да ги загубат симпатиите меѓу јавноста.

– Ако видиме пораст на насилниот отпор на демонстрантите, тоа често станува изговор за поголема репресија на државата, рече Васоу. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close