Svet.SlajderСветСвет.Портал

Протести во Хонг Конг, уапсени неколку активисти

Стотици жители на Хонг Конг денеска протестираа на улиците на градот, поради усвојувањето на рестриктивниот кинески закон за национална безбедност, како и одложувањето на изборите за законодавен совет во Хонг Конг, кои првично требаше да се одржат денеска.

Хонг Конг, 6 септември 2020 (МИА) – Стотици жители на Хонг Конг денеска протестираа на улиците на градот, поради усвојувањето на рестриктивниот кинески закон за национална безбедност, како и одложувањето на изборите за законодавен совет во Хонг Конг, кои првично требаше да се одржат денеска.

Демонстрантите носеа транспаренти и извикуваа антирежимски пароли како: „Да го ослободиме Хонг Конг“, кои сега се забранети со новиот закон.

За време на протестот беа уапсени неколку истакнати антирежимски активисти.

Иако властите во Хонг Конг тврдат дека одложувањето на изборите за една година, објавено во јули, беше единствено поради пандемија на коронавирусот, а не од политички причини, овој потег предизвика незадоволство кај опозицијата, која се надеваше дека првпат ќе освои мнозинство во законодавниот дом. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close