0_Македонија.ПорталГраѓански секторДописници МКД

Протести против поскапувањето на струјата во Кичево

На градскиот плоштад во Кичево денеска се одржа мирен протести против поскапувањето на струјата. 

Кичево, 14 август 2020 (МИА) – На градскиот плоштад во Кичево денеска се одржа мирен протести против поскапувањето на струјата.

На протестот беа вклучени поголемиот дел од месните заедници на општина Кичево и многу други граѓани без политички обележја, кои отворено дадоа подршка на иницијативниот одбор за протести против поскапувањето на струјата.

Интересно во знак на подршка поголемиот дел од угостителските објекти се приклучија на протестот и ги затворија своите локали од 18 часот до 18: 30.

Организаторите на протестот кој се одвиваше под мотото  „И Кичево протестира против ЕВН” , посочуваат дека тие се организирале како реакција на поскапувањето на струјата и немаат никаква политичка позадин , едноставно барањата се од социо- економски карактер.

Тие бараат поништување на одлуката за поскапување на струјата, намалување на цената на струјата за 46 отсто, намалување на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто, како и распуштање на Регулаторната комисија за енергетика.

Тие сметаат дека потребно е независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании.рз/см/

Back to top button
Close
Close