Svet.SlajderСветСвет.Портал

Протести поради затворање на Кнесетот

Повеќе од 100 возила со демонстранти, кои протестираа поради затворање на израелскиот Парламент, вчера влегоа во Ерусалим, но беа запрени од полициска блокада. Мал број демонстранти успеаа да сигнат пред Кнесетот, каде петмина беа уапсени

Ерусалим, 20 март 2020 (МИА) – Повеќе од 100 возила со демонстранти, кои протестираа поради затворање на израелскиот Парламент, вчера влегоа во Ерусалим, но беа запрени од полициска блокада. Мал број демонстранти успеаа да сигнат пред Кнесетот, каде петмина беа уапсени.

Демонстрантите носеа црни и израелски знамиња истакнувајќи дека затворањето на Кнесетото на неколку дена е „штета за демократијата во Израел“.

Организаторите на протестот наведоа дека сакаат „да ја спасат израелската демократија“ од акцијата на Владата преземена „под маска на кампањата против ширењето на коронавирусот“.

Претседателот на Кнесетот, Јули Еделстајн од Ликуд не дозволи пратениците да гласаат за парламентарен надзор на владините сеопфатни мерки против ширењето на новиот коронавирус. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close