Svet.SlajderСветСвет.Портал

Протести поради полициската бруталност во мексиканскиот град Гвадалахара

Граѓаните на Гвадалахара, вториот по големина мексикански град и главен град на државата Халиско, протестираа против смртта во полициски притвор на еден нивен сограѓанин, откако бил уапсен во мај затоа што, наводно, не носел маска, пренесоа британските медиуми.

Мексико Сити, 5 јуни 2020 (МИА) – Граѓаните на Гвадалахара, вториот по големина мексикански град и главен град на државата Халиско, протестираа против смртта во полициски притвор на еден нивен сограѓанин, откако бил уапсен во мај затоа што, наводно, не носел маска, пренесоа британските медиуми.

Протестите во Гвадалахара беа насилни. На видео снимките се гледа уништување на деловни и луксузни станбени згради, палење на полициски автомобили и припадници на полицијата како користат сила.

Медиумите објавија снимка од напад врз фоторепортер, кого полицијата го заменила со демонстрант.

Гувернерот на Халиско, Енрике Алфаро, изјави дека во немирите се повредени  шест полицајци, од кои едниот бил запален, како и 22 демонстранти – 20 мажи и две жени.

Властите најавија темелна истрага и прогон за сите кои насилно демонстрираа во Гвадалахара. сд/

Back to top button
Close
Close