СветСвет.Портал

Протести на Палестинците на Западниот брег против планот на Трамп

Илјадници Палестинци денеска протестираа на Западниот брег против иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток.

Рамала, 11 февруари 2020 (МИА) – Илјадници Палестинци денеска протестираа на Западниот брег против иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток.

Демонстрантите на тој начин сакаат да ги поддржат палестинските лидери во обид да се добие поддршка од Обединетите нации за резолуција со која се отфрла планот.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска треба да одржи говор во ОН.

Учесниците на протестот се собраа на плоштадот Ел Манар во Рамала, седиштето на палестинските власти на Западниот брег. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close