0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Протестен марш во Кичево против поскапувањето на струјата

Во Кичево денеска имаше мирeн протестен марш против поскапувањето на струјата кој се одржа на градскиот плоштад, потоа продолжи по булеварот „Ослободуваее" до магистралата Скопје - Охрид.

Кичево, 21 август 2020 (МИА) – Во Кичево денеска имаше мирeн протестен марш против поскапувањето на струјата кој се одржа на градскиот плоштад, потоа продолжи по булеварот „Ослободуваее” до магистралата Скопје – Охрид.

На протестот беа вклучени голем дел од месните заедници на општина Кичево и многу други граѓани без политички обележја, иако поголемиот дел на локалните политички структури во Кичево отворено дадоа поддршка на иницијативниот одбор за протести против поскапувањето на струјата.

Организаторите на протестот, кој се одвиваше под мотото „И Кичево протестира против ЕВН”,  посочија дека се организира како реакција на поскапувањето на струјата.

Барањата се поништување на одлуката за поскапување на струјата, намалување на цената на струјата за 46 отсто, намалување на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто, како и распуштање на Регулаторната комисија за енергетика.

Тие сметаат дека потребно е независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании.

На крајот имаше турканица помеѓу полицијата и демонстрантите во близина на магистралата Скопје – Охрид, во делот кој минува низ Кичево, но помина без сериозен инцидент бидеќи полицијата не дозволи преку магистралата да се маршира до железничката станица. Протестот заврши мирно. рз/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close