СветСвет.Портал

Протест во Ричмонд поради новите закони за оружје

Во Ричмонд, главниот град на американската сојузна држава Вирџинија денеска ќе се одржи протест на приврзаниците за слободно носење на оружје

Вашингтон, 20 јануари 2020 (МИА) – Во Ричмонд, главниот град на американската сојузна држава Вирџинија денеска ќе се одржи протест на приврзаниците за слободно носење на оружје.

Протестот е организиран откако Сенатот на Вирџинија усвои закони со кои се пропишува обврзна безбедносна проверка на купувачите на сите типови на оружје, купување на максимално еден пиштол месечно, како и забрана за внесување на оружје во јавните институции.

Се очекува да бидат усвоени и законите кои на судовите и локалната полиција ќе им даде овластувања да го одземаат оружјето ако проценат дека лицето е ризично по околината.

Лидерите на милитантните групи кои беа во Шарлотсвил на социјалните мрежи најавија дека ќе присуствуваат на протестот во Ричмонд за да искажат дека се против новите, рестриктивни прописи за оружјето.

Полицијата предупреди дека на протестот можно е да присуствуваат и неонацисти, кои би сакале да ја искористат можноста да предизвикаат немири.

Пред протестот во Ричмонд приведени се три мажи поврзани со насилната расистичка организација База, под сомнение дека ковале завера за убиство на членови на милитантната антифашистичка група. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close