Svet.SlajderСветСвет.Портал

Протест во Мексико Сити поради објавување на фотографија на убиена девојка

Неколку стотина демонстранти, предводени од жени синоќа протестираа на Денот на Свети Валентин пред претседателската палата во Мексико сите поради насилството врз жените

Мексико Сити, 15 февруари 2020 (МИА) – Неколку стотина демонстранти, предводени од жени синоќа протестираа на Денот на Свети Валентин пред претседателската палата во Мексико сите поради насилството врз жените.

Протестот уследи по убиството на 25-годишна девојка и објавената фотографија од злосторството во весник.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Земја на фемицидот“ и протестот го продолжија пред седиштето на мексиканскиот дневен весник „Ла Пренса“, кој објави фотографија на расчереченото тело на убиената Ингрид Ескамила.

Учесниците во протестот запалија и возила во сопственост на „Ла Пренса“, а се судрија и со полицијата, која ги спречи да влезат во седиштето на весникот.

Демонстрантите носеа и транспаренти на кои пишуваше „Бараме одговорно новинарство“, „Сите ние сме Ингрид“ и „Сексизмот убива“.

Во Мексико дневно се убиваат по 10 жени. ми/

Back to top button
Close
Close