Дописници МКДОпштински вести

Протест на жителите од улици од кумановска населба Карпош

Жителите на неколку улици од кумановската населба Карпош денеска мирно протестираа и побараа решение од општината за долгогодишниот проблем со кој се соочуваат 50-тина семејства. Дел од улиците од оваа населба се во приватна сопственост. Жителите бараат локалната самоуправа да го исполни ветувањето, дадено во декември минатата година на последниот протест, за изработка на инфраструктурен проект предвиден во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година.

Куманово 1 јули 2020 (МИА)Жителите на неколку улици од кумановската населба Карпош денеска мирно протестираа и побараа решение од општината за долгогодишниот проблем со кој се соочуваат 50-тина семејства. Дел од улиците од оваа населба се во приватна сопственост. Жителите бараат локалната самоуправа да го исполни ветувањето, дадено во декември минатата година на последниот протест, за изработка на инфраструктурен проект предвиден во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година.

По одобрување на овој проект, треба да следи експропријација и асфалтирање на улиците.

На мирниот протест пред општинската зграда жителите кажаа дека првите куќи биле изградени 1978 година, а во 2008-та приватно лице преку процесот на денационализација си го вратило имотот, така што улицата ниту е асфалтирана, ниту може да се користи за какви било потреби за секојдневното живеење.

Веле Крстевски, жител на улица „180“ во Карпош денеска побара брзо решение на проблемот, бидејќи вели, ги платиле сите давачки кон општината. 

-Сите овие луѓе се соберени од улиците „172“, „173“, „174“, „175“, „176“ и „180“. Овој проблем не е од вчера, овој проблем е од 1978 година. Поради семејни причини и недоразбирања помеѓу нивните наследници, сегашните сопственици, и со приватизација што го имаат вратено тој имот и ние остануваме без излез на улица. Бараме да патот се реши. Бараме да се пробие пат, да се тампонира и да се асфалтира, ние жители на овие улици не можеме да излеземе, имаме проблем со приватниот сопственик, изјави Веле Крстевски, жител на улица „180 “.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски рече дека општината активно работи на решавање на проблемот и нагласи дека жителите и нивниот децениски проблем не треба да бидат предмет на како што вели политичка манипулација.

-Општината презема обврски од последниот пат кога се сретнавме со преставниците, поразговаравме со сопсвениците, направивме проценка за експропријација што е поприлично скапа, истата треба да се вклопи во годишниот буџет на Општината и дополнително се изработува проект, тоа што ковид кризата нѐ

спречи сите да функционираме во рамките на можностите и дополнително ги влоши финансиските состојби во Општианата, изјави Димитриевски.

Такви проблеми според него има насекаде во места каде со децении докрај не се платени комуналии или се плаќало минимално, додавајќи дека се користат и изборите како дополнителен притисок.

 -Се надевам дека ќе наидам на разбирање кај моите сограѓани, а секако дека активно работам на решавање на проблемот, еве во моментов испратив мои соработници да се сретнат со нив, но пак ќе потенцирам да не дозволат да бидат политички користени во овие моменти, бидејќи минатитот пат кога ги водеа на протести истите тие кои од опизицијата ги мотивираа за тој процес, токму во нивниот период е направена и таа фамозна денационализација, кога е вратено земјиштето, а цела таа населба Карпош е извадена вон плански опфат со одлука на владата на којашто менаџер беше Груевски, додава градоначалникот.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close