Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Протест на жените и децата мигранти на Лезбос – кампот Морија е пекол

Жени мигрантки, повеќето од Авганистан, кои имаат побарано  азил во Грција, а се сместени во прифатниот центар Морија на Лезбос, денеска организираа протест во главниот град на островот, Митилене.

Атина, 30 јануари 2020 (МИА) – Жени мигрантки, повеќето од Авганистан, кои имаат побарано  азил во Грција, а се сместени во прифатниот центар Морија на Лезбос, денеска организираа протест во главниот град на островот, Митилене.
Под паролата “Морија е пекол“, околу 300 жени и  нивните деца побараа да бидат преместени од Морија и протестираа заради лошите здравствени услови во овој камп, пренесе агенцијата АНА-МПА.
Во моментов во кампот Морија на Лезбос се наоѓаат 19.500 баратели на азил, иако објектот е проектиран за само 2.480 бегалци. сд/

Back to top button
Close
Close