Дописници МКДОпштински вестиПолитички партии

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, попладнево улиците на Охрид се одржа протест со возила во знак на несогласување пред се одлуката на власта за поскапување на електричната енергија, но и за, како што беше истакнато, сите нејзини погрешни политики.

Охрид, 13 октомври 2020 (МИА) – Во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, попладнево низ улиците на Охрид се одржа протест со возила во знак на несогласување пред се со одлуката на власта за поскапување на електричната енергија, но и за, како што беше истакнато, сите нејзини погрешни политики.

Од протестот беше порачано дека неодговорното раководење со институциите, поскапувањето на струјата, неправдата, реваншизмот и политичкото насилство на власта се доволен мотив да се излезе на улица и да се искаже незадоволството на граѓаните.

– Народот во Македонија е соочен со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4 проценти што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од Регулаторна комисија за енергетика. За жал Македонија плаќа најскапа цена на струја во Европа споредено со примањата коишто ги имаат македонските граѓани. Извештајот на Европската Комисија го потврди истото што го зборувавме и претходно дека имаме партизирана Регулаторна комисија за енергетика, изјави Кирил Пецаков, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Според Пецаков, партијата има три барања и тоа враќање на старате цена на електричната енергија, спречување на осиромашувањето на граѓаните, како и разрешување на Марко Бислимовски и членовите на РКЕ, а на нивно место поставување експерти кои ќе го штитат интересот на народот.

Од собирот беше истакнато дека власта предводена од СДСМ и Зоран Заев удираат по џебот на граѓаните за да се покријат дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт, која го лаже и краде народот а наспроти тоа цветаат приватни бизниси и лични богатства на функциниерите од власта.

Најавено е дека партијата ќе продожи со организирање слични активности и употреба на сите расположиви демократски алатки за да се чуе нивниот глас. аб/оџ/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close