Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Протест на движењето Бунт против изумирањето

Активистите на климатското движење Бунт против изумирањето денеска организираа протест на нафтено поле во јужниот дел на Англија, што е во сопственост на британската компанија „UK oil & amp“, барајќи Владата да престане да вложува во фосилните горива

Лондон, 1 јуни 2020 (МИА) – Активистите на климатското движење Бунт против изумирањето денеска организираа протест на нафтено поле во јужниот дел на Англија, што е во сопственост на британската компанија „UK oil & amp“, барајќи Владата да престане да вложува во фосилните горива.

Според движењето двајца активисти влегле на локацијата во Хорс Хил и на контејнер за испорака на нафта поставиле транспарент со натпис „Климатска вонредна состојба“, додека двајца активисти се врза еден со друг за да го блокираат влеот во локацијата.

– Ја повикуваме Владата да престане да инвестира во фосилните горива и да почне да инвестира во зелено закрепнување, изјави портпаролот на Движењето. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close