БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Протеран амбасадорот на Либија во Атина (ДПЛ)

Со жалење ви соопштувам дека утрово, либискиот амбасадор во Атина беше повикан во Министерството каде што беше информиран за одлуката за негово протерување. Даден му е период од 72 часа за да ја напушти земјата, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во изјава за новинарите на почеток од редовниот брифинг во грчкото МНР, соопштувајќи ја одлуката на Грција по договорот меѓу Турција и Либија, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 6 декември 2019 (МИА) – Со жалење ви соопштувам дека утрово, либискиот амбасадор во Атина беше повикан во Министерството каде што беше информиран за одлуката за негово протерување. Даден му е период од 72 часа за да ја напушти земјата, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во изјава за новинарите на почеток од редовниот брифинг во грчкото МНР, соопштувајќи ја одлуката на Грција по договорот меѓу Турција и Либија, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас истакна дека одлуката за протерување е израз на незадоволство на грчката до либиската Влада, а била донесена откако Либија не одговорила на барањето на Грција да го достави до Атина договорот со Турција и објасни дека одлуката не значи и прекин на дипломатските односи со Триполи.

Атина смета дека договорот меѓу Турција и Либија за морските зони го прекршува меѓународното морско право.

– Координатите од обидот за демаркација на морските зони потврдуваат дека овој договор е грубо кршење на меѓународното морско право и суверените права на Грција и други држави. Покрај формалните недостатоци, овој обид е нелегален и не носи правни резултати. Освен тоа е манифестација на намерно предизвикување тензија на билатерално и регионално ниво. Затоа и недвосмислено се осудува, рече Дендиас во изјавата пред акредитираните новинари во грчкото МНР. ср/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close