0_Македонија.ПорталПолитика

Проштална средба на Пендаровски со српската амбасадорка Дивјак-Томиќ

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во проштална средба ја прими амбасадорката на Република Србија Душанка Дивјак-Томиќ.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во проштална средба ја прими амбасадорката на Република Србија Душанка Дивјак-Томиќ.

Претседателот Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, се заблагодарил за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорката Дивјак-Томиќ.

Двајцата соговорници се согласиле соработката меѓу двете соседни држави да продолжи да се развива и да се унапредува во сите сфери од заемен интерес. мс/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close