0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Просечната нето-плата во април 25.830 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесувала 25.830 денари и споредено со нето-платата во април лани е зголемена за 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесувала 25.830 денари и споредено со нето-платата во април лани е зголемена за 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование (12 проценти), други услужни дејности (6,9  проценти) и дејности на здравствена и социјална заштита (6,4  проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна за девет проценти, стручни, научни и технички дејности за 6,9 проценти и транспорт и складирање за 6,6 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април годинава, изнесува 38.567 денари. лв/са/

Back to top button
Close
Close