0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Пропадна договорот за продажба на Њукасл

Долготрајниот процес во тековни услови, како и глобалната неизвесност, ја направија потенцијалната инвестиција комерцијално неизводлива, додадоа кандидатите за преземање на клубот.

Њукасл, 30 јули 2020 (МИА) – Промената на сопственоста на англискиот фудбалски клуб Њукасл Јунајтед не успеа. Конзорциумот, предводен од саудиска компанија, се повлече од преговорите, откако не успеаја да постигнат конечен договор.

„Со длабоко ценење за заедницата Њукасл и важноста на фудбалскиот клуб, решивме да го повлечеме нашиот интерес за стекнување на клубот. Тоа го правиме со жалење затоа што бевме возбудени и посветени да инвестираме во големиот град Њукасл. Веруваме дека би го вратиле клубот на позиција каде што историјата, традицијата и навивачите го заслужуваат тоа“, се вели во соопштението на деловната организација, предводена од наследникот на престолот.

Долготрајниот процес во тековни услови, како и глобалната неизвесност, ја направија потенцијалната инвестиција комерцијално неизводлива, додадоа кандидатите за преземање на клубот.

Таг
Back to top button
Close
Close