0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Пронајдено оружје кај жител на Арачиново

Автоматска пушка со една рамка со 29 куршуми, пиштол „Глок 19“ со три рамки и 63 куршуми калибар 9 мм, денеска беа пронајдени и одземени од домот на жител на Арачиново скопско.

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Автоматска пушка со една рамка со 29 куршуми, пиштол „Глок 19“ со три рамки и 63 куршуми калибар 9 мм, денеска беа пронајдени и одземени од домот на жител на Арачиново скопско.

Како што соопшти МВР, врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1, во координирана акција помеѓу Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со одрога и оружје при СВР Скопје, бил извршен претрес во домот на Б.Н. од с.Арачиново, скопско. При претресот биле пронајдено и одземено оружјето.

Б.Н. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава. бк/са/

Back to top button
Close
Close