Дописници МКДОпштински вести

Пронајдено мртво машко тело во реката Вардар кај тетовско Радиовце

Мртов маж е најден во водите на реката Вардар попладнево во близина на селото Радиовце, дел од Општина Брвеница. Телото е забележано околу 14 часот по што е пријавено во полицијата, по што е започнат увид од институциите.

Тетово, 3 август 2021 (МИА) – Мртов маж е најден во водите на реката Вардар попладнево во близина на селото Радиовце, дел од Општина Брвеница. Телото е забележано околу 14 часот по што е пријавено во полицијата, по што е започнат увид од институциите.

-Околу 14 часот во полициската станица Жеровјане пријавено е дека на течението на реката Вардар во близина на браната кај Радиовце е најдено безживотно тело. По пријавувањето на местото се пристигнати екипи од  СВР Тетово, Основно јавно обвинителство по што е започнат увид со цел идентификување на безживотното тело и расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Од тетовската пожарна информираа дека нивните стручни лица учествувале во вадењето на телото од реката Вардар. ас/рп/

Back to top button
Close
Close