0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Пронајдени телата на сите настрадани во хеликоптерот на Брајант

Телата на деветте лица кои го загубија животот при падот на хеликоптерот на поранешниот НБА кошаркар, Коби Брајант се извлечени, јавија американските медиуми.

Лос Анџелес, 29 јануари 2020 (МИА) – Телата на деветте лица кои го загубија животот при падот на хеликоптерот на поранешниот НБА кошаркар, Коби Брајант се извлечени, јавија американските медиуми.

Три тела беа извадени од остатоците во неделата, а останатите шест доцна синоќа.

– Остатоците се земени од местото на несреќата и се однесени во центарот за судско испитување на одделот, соопшти локалната полиција на Лос Анџелес.

Инспекторите работат на местото на настанот целосно да ги разберат причините за трагичниот инцидент. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close