0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Пронајдени пет мигранти во товарно возило, возачот лишен од слобода

На локалниот пат од село Банско за село Робово, на влезот во струмичкото село Робово, вчера околу 07.45 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ во товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, пронашле пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – На локалниот пат од село Банско за село Робово, на влезот во струмичкото село Робово, вчера околу 07:45 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ во товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, пронашле пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан.

Од МВР денеска информираа дека возачот на товарното возило Д.Д.(62) од Скопје бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица.

Против Д.Д. е поднесена кривична пријава до ОЈО, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци Гази Баба Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. цр/дма/

Back to top button
Close
Close