Дописници МКДОпштински вести

Промовирано првото здружение за унапредување на работната и животна средина во Делчево

Првото здружение на граѓани за унапредување на работната и животна средина е промовирано денеска во Делчево. Како што информираа членовите на здружението „Протект Дел“, покрај во делот на работната и животна средина, здружението активно ќе работи и во делот на Безбедност и заштита при работа.

Делчево, 29 јануари 2020 (МИА) – Првото здружение на граѓани за унапредување на работната и животна средина е промовирано денеска во Делчево. Како што информираа членовите на здружението „Протект Дел“, покрај во делот на работната и животна средина, здружението активно ќе работи и во делот на Безбедност и заштита при работа.
-Се работи за здружение кое е самостојна, хуманитарна и стручна организација на сите заинтересирани полнолетни физички и правни лица, чија цел е унапредување на работната и животната средина, како и во делот на безбедност и здравје при работа. Отворени сме за соработка со сите фактори кои се пронаоѓаат во оваа област и кои имаат желба да помогнат кон решавање на проблемите од оваа област, истакнаа од делчевското здружение.
На промоцијата на здружението присуствуваа претставници на бизнис заедницата и претставници на граѓанските организации во областа на безбедноста и здравјето при работа.
-На средбата се дискутираше за целите и плановите, како и за можноста за соработка со други здруженија, можностите за подршка на компаниите на локално ниво, додадоа од „Протект Дел“.
Од здружението првите конкретни активности во делот на унапредувањето на работната и животна средина ги најавија за наредниот период. вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close