Дописници МКДКултураКултура.Портал

Промовирани две книги од универзитетски професорки во Велес

Во рамки на одбележувањето на  Денот на раѓањето на Гоце Делчев  и патрон на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес денеска беа промовирани книги „Мостови на убавината“ од проф. д-р Кристина Николовска и „Клуч во клучалката на детството“ од проф. д-р Весна Мојсова Чипишевска, наменети за децата, но и за возрасната читателска публика.

Велес, 5 февруари 2020 (МИА) – Во рамки на одбележувањето на  Денот на раѓањето на Гоце Делчев  и патрон на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес денеска беа промовирани книги „Мостови на убавината“ од проф. д-р Кристина Николовска и „Клуч во клучалката на детството“ од проф. д-р Весна Мојсова Чипишевска, наменети за децата, но и за возрасната читателска публика.

Проф. Мојсова Чипишевска за книгата на нејзината колешка рече дека колку денеска е празник за самата авторка толку е и празник за поетот Стојан Тарапуза  на кому му е посветена оваа книга – петта по ред зошто веќе таа има објавено монографии за Гане Тодоровски, Славе Ѓорго Димоски, Венко Андоновски и Анте Поповски.

– Стојан Тарапуза е вистински предизвик за секој еден книжевно-теоретски и книжевно-историски проучувач, за секој суптилен критичар токму каква што е и Кристина Николовска, потенцира нејзината колешка Мојсова  Чепишевска.

За книгата „Клуч во клучалката на детството“ од проф. д-р Весна Мојсова Чипишевска, нејзината колешка  проф. Николовска оцени дека нејзиното најново творечко дело е монументално важно дело,

– Тоа е потребно дело  кое е голема слика, слика-мурал на суштинските процеси во светската и во домашната литература за деца. Среќни сме што имаме посветен, акрибичен, инвентивен, свеж по енергија научен истражувач и толкувач кој ни открива светови и клучеви во него, истакна проф. Николовска за својата колешка Весна Мојсова Чипишевска.ад/фф/

Back to top button
Close
Close