Дописници МКДОпштество

Промовирана услугата бесплатна правна помош во Гостивар

Заменик министерот за правда Агим Нухиу и државниот секретар Мухамед Точи за правда денеска на граѓаните од регионот Гостивар и ги претставија погодностите кои државата ги нуди со бесплатната правна помош, мерка определена со закон.

Гостивар, 23 јули 2021 (МИА) – Заменик министерот за правда Агим Нухиу и државниот секретар Мухамед Точи за правда денеска на граѓаните од регионот Гостивар и ги претставија погодностите кои државата ги нуди со бесплатната правна помош, мерка определена со закон.

Нухиу и Точи, пред зградата во која е сместена подрачната единица на министерството за правда во Гостивар имаа средба со вработените, претставници на невладиониот сектор и граѓани. Заменик министерот Нухиу појасни дека со новиот закон за бесплатна правна помош кој е на сила од октомври 2019 година државата ги покрива сите трошоци поврзани со обезбедувањето на правната помош.

Нухиу посочи дека ова било пречка за многумина да добијат правна заштита, само заради дополнителните трошоци за судски такси, вештачења и слично. Тој потенцира дека таа пречка е отстранета, а од почетокот на спроведување, за помош се обратиле близу три илјади граѓани.

Државниот секретар Мухамед Точи потенцира дека граѓаните ќе можат да ги користат и услугите на невладини организации и здруженија кои се лиценцирани за давање на правна помош. Досега, како што рече, со вакви проблеми најчесто се соочуваат сиромашните граѓани и припадниците на различни категории на маргинализирани заедници, како Ромите, самохраните родители, жртвите на семејно насилство и лицата со попреченост.

Преку системот за бесплатна правна помош се гарантира дека граѓаните кои се во тешка финансиска состојба можат да се обратат до Министерството за правда, до неговите подрачни единици и до граѓанските организации и да побараат да им се даде правна помош или да им се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од буџетот на Министерството.

Во истражувањето на Коалицијата „Сите за правично судење“ презентирано неодамна (јуни 2021) од мониторирани 1.200 судски постапки само во 1 отсто од нив судовите донеле одлука за ослободување на некоја од странките од трошоците на постапката за лица кои се во неповолна финансиска состојба.згм/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close